1,3K
Eкипата на Борусија Дортмунд приреди уште едно разочарување за своите навивачи откако на гости кај Кил беа поразени со 4:2.
За тимот кој се бори за опстанок ова беше само трета победа сезонава, а посебно импресионираа во првото полувреме.
Домаќините по првите 45 минути имаа предност од 3:0. Машино го отвори резултатот во 27. минута, Херес зголеми во 32 и Бернхардсон стрелаше за 3:0 во судиското продолжение.
Се разбуди Борусија во вториот дел и дојде до 3:2 со головите на Рејна и Гитенс, но во финишот Арп се погрижи за четврти гол во мрежата на „милионерите“: