Ибрахимовиќ: Фонсека беше вистински избор, а на Рашфорд би му било чест да игра за Милан!

by 24 фудбал
1 минути читање

Златан Ибрахимовиќ во моментов работи на позиција советник за спортски прашања во Милан. Во последното обраќање на јавноста тој зборуваше за изборот на Пауло Фонсека минатото лето.

Фонсека беше вистински избор летоска кога носевме одлука за нов тренер. Меѓутоа, резултатите не беа најдобри, ама благодарни сме му за тоа што го направи. Консеисао за кратко време покажа колку е добар и играчите веќе го прифатија, а нè водеше и до трофејот во Суперкупот“, започна Ибра.

Потоа тој се огласи и за шпекулациите за потенцијален трансфер на Маркус Рашфорд.

Играв со него во Јунајтед, ама тој тогаш беше младо момче, а сега е возрасен човек. Може да ги покрие сите позиции во нападот, меѓутоа уште не сме разговарале со него. Секако дека би му било чест да игра за Милан“, прокоментира Швеѓанецот.

Според најавите Рашфорд е подготвен да прифати трансфер во Милан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани