Извршниот директор на Вардар, Миленко Неделковски ја затвори вратата од тренинг кампот за маркетинг тимот на клубот, односно ,,здружението 35 години Вардарци” кое го води овој сегмент.
Миленко Неделнковски и „здружението 35 години Вардарци“ кое ја претставува навивачката група Комити веќе со месеци се „на нож“, а се чини дека нетрпеливоста меѓу двете страни доживува кулминација.
Миленко одлучил да го затвори тренинг центарот за маркетинг тимот на клубот кој ги води социјалните мрежи на Вардар.
„Денес од страна на извршниот директор Миленко Неделковски, беше денесена одлука со која се забранува влез на официјалните лица на Маркетинг тимот на клубот, спротивно на договорот потпишан помеѓу ,,здружението 35 години Вардарци” и сопственикот Атила Бижен Жалили.
Поради тоа, во моментот се случува блокада на тренинг кампот, а целта на собраните е целосно почитување на одлуките произлезени од договорот, од страна на извршниот директор Миленко Неделковски“, велат од ,,здружението 35 години Вардарци”.