Дешам потврди дека заминува од клупата на Франција, две имиња уште сега се посочуваат како фаворити

by bojan
1 минути читање

Селекторот на Франција, Дидје Дешам денеска потврди дека ќе се повлече од кормилото на „триколорите“ по крајот на мундијалот во 2026 година, имињата на Зинедин Зидан и Тјери Анри уште сега се посочуваат како фаворити.

Дидје Дешам ги потврди гласините кои се појавија вчера, стратегот ќе си замине од репрезентацијата на Франција по крајот на Светското првенство во 2026 година.

„Во 2026 ќе заврши мојата авантура, моите мисли се јасни. Го одработив своето, со истата желба и пасија како од првиот ден, и секогаш го давав максумумот за Франција да биде на највиско ниво. Па во 2026 година е идеално време за да ставам крај на авантурата“ – рече попладнево Дидје Дешам во разговор со ТФ1.

Како што пренесуваат медиумите, уште сега две имиња се посочуваат како фаворити.

Првото е Зинедин Зидан, кој подолго време се најавува како нов селектор на Франција и во неколку наврати јавно кажа дека сака да седне на кормилото на „триколорите“.

Второто име е Тјери Анри, кој седеше на клупата на У21 репрезентацијата на Франција, а го предводеше и тимот на „триколорите“ на Олимписките игри кои минатото лето се одржаа во Париз.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани