917
Пред крајот на 2024 година најдобриот фудбалер од редовите на Вулверхемптон, Матеус Куња доби суспензија од два натпревари поради инцидент со член обезбедувањето на стадионот.
По постапката која ја водеше ФА напаѓачот доби суспензија од два натпреваари и ќе мора да плати 80.000 фунти. Но, првично требало да добие построга казна.
Дисциплинската комисија сакала да го суспендира Куња на три натпревари со 120.000 фунти паричн казна, меѓутоа на крајот ја промениле одлуката затоа што Куња се понудил да купи нови очила на членот на обезбедувањето.
Исто така од раководството на Вулверехмптон успеале да докажат и дека лицето кое се претставувало како жртва било агресивно и не помогнало во релаксирањето на ситуацијата.