Струга се засили со Сенегалец

by Стефан
1 минути читање

Тимот на Струга денеска го претстави второто засилување во овој преоден рок, Сенегалецот Папе Фал.

Станува збор за фудбалер кој има 24 години и пристигнува да ја засили крилната позиција.

Во Струга Сенегалецот пристигнува од Лиепаја од Летонија, а во оваа земја настапуваше уште за Валмеира. Кариерата ја започна во АС Доуaнес од Сенегал.

Пред неколку дена Струга го потврди и трансферот на Хамза Мемертиза од Башкими.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани