938
Тренерот на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим е задоволен од Хари Мегваер кој особено во минатото беше мета на големи критики поради киксовите кои ги правеше во одбраната.
Аморим дури вели дека Мегваер е фудбалер кој е пример за другите.
„Тој работи навистина добро, фокусиран е на работата, не е таков каков што велат луѓето“, вели Аморим.
„Хари нема изговори, иако имаше некои тешки моменти. Мислам дека тој е пример за останатите“.