Кризата на Сити продолжија, не го победија ниту Евертон!

by riste
1 минути читање

Манчестер Сити остана на една победа, а бројот на натпревари откако почна кризата се зголеми на 13, денеска одиграа 1-1 на Етихад против Евертон.

Евертон изгледаше како идеален тим за конечно да се оствари победа. Пеп Гвардиола ги држеше фудбалерите во карантин за Божиќ со цел да бидат фокусирани за денешниот натпревар, но ниту тоа не помогна.

Натпреварот почна добро за Сити, со гол на Бернардо Силва во 14. минута дојдоа до водство од 1-0.

Но, предноста траеше до 36. минута кога Ендиаје постигна гол за израмнување на 1-1.

По осум минути игра во вториот дел Манчесер Сити доби пенал, шутираше Халанд, но Пикфорд го одбрани неговиот удар.

До крајот на мечот Манчестер Сити не само што не успеа да постигне втор гол, туку не создаде ниту сериозна шанса за погодок.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани