1,6K
Стратегот на Челси Енцо Мареска испрати поддршка до Пеп Гвардиола со кого и соработуваше во Манчестер сити.
Пред да ја започне кариерата самостојно како тренер, Мареска беше помошник на Гвардиола на клупата на „граѓаните“ и добро го познава.
Гвардиола во овој момент поминува низ криза каква што досега немал во тренерската кариера и на последните 12 натпревари „сините“ имаат само една победа и дури девет порази.
„Навистина ми е смешно кога слушам како го критикуваат Гвардиола и зборуваат дека со него е завршено. Разговарав со Пеп и ми изгледа смирен бидејќи знае што ќе се случи. Ако сте во фудбалот и го видите бројот на повреди кој го има тоа е навистина нешто што не е нормално“, изјави Мареска.