Серхио Рамос добил нова понуда, потврди претседателот на клубот

by Стефан
1 минути читање

Искусниот шпански дефанзивец, Серхио Рамос во овој момент е без клуб и во јавноста многу се шпекулира за тоа каде ќе ја продолжи кариерата, а сега се појави нова опција која звучи и по малку изненадувачки.

Во текот на летото Рамос одби бројни понуди кои пристигнуваа на негова адреса, меѓутоа се очекува во јануари да пронајде нов клуб и наскоро повторно да се врати на фудбалските терени.

Се пишуваше за интерес од Бока Јуниорс и останати екипи, меѓутоа понудата од аргентинската екипа Шпанецот ја одби.

Рамос наводно сака да пронајде клуб во Европа бидејќи амбициите му се да игра на највисоко ниво. Сега претседателот на бразилскиот Крузеиро потврди дека испратиле понуда до Рамос.

„Ако сака да дојде кај нас и ги прифати условите кои ги поставивме, може тоа да го направи, ќе стапиме во конткат со него. Ние размислуваме за трансфер на централен дефанзивец“, изјави првиот човек на бразилскиот клуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани