Шпанскиот стратег Пеп Гвардиола продолжува во јавноста да дава изјави со кои бара оправдување за резултатската криза од која е погоден актуелниот англиски шампион.
Во својата последна изјава, Гвардиола истакна дека му била потребна екипа со 40-50 фудбалери поради големиот број натпревари во сезоната.
„Имаме навистина многу повреди, не сум бил во ваква ситуација. Размислував за ситуацијата и дојдов до заклучок дека потребна ми е екипа со 45 или 50 фудбалери, се помалку не е доволно. Знам дека е скапо, меѓутоа ако видите колку натпревари играме и на какво ниво јасно е дека тоа е неопходно“, изјави Гвардиола.
Манчестер сити во последните 12 натпревари има само една победа, а утре од 13:30 часот „граѓаните“ ги чека натпревар против Евертон на домашен терен.