679
Хрватскиот ветеран Лука Модриќ иако го продолжи договорот со Реал Мадрид до крајот на сезоната, би можел во јануари да ја промени средината.
Според „Дефенса Сентрал“ сериозно заинтересирана за потпис со играчот за врска е Севиља. Тимот од Андалузија сака да го доведе Модриќ уште во јануари, а доколку тоа не е возможно ќе се обиде да го обезбеди неговиот потпис за во јули.
Модриќ во моментов има едногодишен договор со Реал, па веќе од први јануари ќе смее слободно да преговара со потенцијален нов клуб за следното лето.
Сезонава Хрватот одигра 26 натпревари, почесто е резерва, ама секогаш кога ќе добие шанса од Анчелоти се труди да ја искористи. Доколку се пресели во Севиља би имал целосна слобода.