695
Фудбалскиот клуб Баерн Минхен силно е заинтересиран за Нико Вилијамс, фудбалерот на Атлетик Билбао.
Минатото лето долго време Вилијамс се поврзуваше со заминување од Баскија, особено заинтересирана беше Барселона, а навивачите веќе го очекуваа да дојде. На тоа најмногу се радуваше Ламин Јамал кој е добар пријател со Вилијамс и сакаше да игра со него и на клупски план.
Овие двајца блеснаа на Европското првенство и беа меѓу главните играчи на Шпанија во походот кон титулата.
Сега Баерн се вклучува во трката, подготвен е да плати до 60 милиони евра за услугите на Нико Вилијамс и останува да видиме дали Атлетик ќе прифати. Потенцијалниот трансфер би се реализирал налето.