720
Рома веројатно ќе ја доврши сезоната со Клаудио Раниери, а за наредната ќе бара ново решение.
Раниери е тој што заедно со раководството на клубот бараат нов тренер.
Според „Калчомеркато“, клубот се обидува да донесе тренер од највисока класа. На листата на желби се три имиња, Масимо Алегри, Карло Анчелоти и Џан Пјеро Гасперини.
Алегри е слободен тренер, голема е веројатноста дека и Анчелоти би бил слободен наредната сезона, но тешко е да се поверува дека по Реал Мадрид Италијанецот би дошол во Рома. Тешка би била мисијата и за Џан Пјеро Гасперини кој веројатно со Аталанта ќе игра во Лигата на шампионите, а оваа сезона е и во борбата за Скудетото.