Ливерпул сака да го купи Нико Гонзалез од Порто, Барса се моли тоа да се случи!

by riste
1 минути читање

Според „Мундо Депортиво“, Ливерпул планира да ја плати откупната клаузула на Нико Гонзалез кој тој ја има во Порто и да го ангажира шпанскиот фудбалер.

Ако се случи овој трансфер, голем ќар ќе има и Барселона.

Нико Гонзалез токму од Барселона се пресели во Порто, а во договорот меѓу овие два клуба стои клаузула според која каталонскиот клуб ќе добие 40 проценти од наредниот трансфер на фудбалерот.

Тоа значи дека ако Ливерпул ја плати откупната клаузула за Нико Гонзалез, Барселона ќе инкасира 24 милиони евра. Сума која одлично би им долшла со оглед на финансиската состојба во која се наоѓаат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани