Уште е нејасно дали Барселона ќе успее да го регистрира Дани Олмо за вториот дел од сезоната или тој ќе замине, иднината на фудбалерот е неизвесна.
Барселона го регистрираше Олмо само за првата половина на местото од повредениот Кристенсен. Лапорта најде дупка во правилата и успеа да го регистриа Шпанецот.
Но, тој период истекува со крајот на оваа година, па Барселона сега поради финансиските проблеми кои ги има бара ново креативно решение како да го регистрира. Засега не се знае што ќе се случи.
Во интервју за каталонскиот весник „Спорт“, Дани Олмо си ги кажа желбите за новата година, а во нив е и успех со Барселона.
„За 2025 имам три големи желби. Прво и основно здравје за мене и сите околу мене. Второ, успеси со Барселона и репрезентацијата, а на трето се трофеите. Сакам да освоиме трофеи и се надевам дека ќе успееме во тоа“, рече Олмо.
„2024 беше посебна за мене, ќе ја паметам по многу нешта, а најмногу по две работи. Освоеното Европско првенство и пречекот во Шпанија, како и трансферот во Барселона“.