Сао Пауло потврди, Оскар се враќа во нивниот клуб!

by riste
1 минути читање

Поранешниот фудбалер на Челси, Бразилецот Оскар кој дури седум години од кариерата помина во Кина, стави потпис на договор со Сао Пауло.

Оскар во Сао Пауло играше во младинските тимови, таму ја почна и сениорската кариера, па по две години се пресели во Интернационал од каде направи трансфер во Челси.

Изненадувачки во 2017 година иако млад се пресели во Шангај и таму остана се до оваа година.

Сега на 33 годишна возраст се враќа во Сао Пауло каде веројатно и да ја заврши кариерата таму каде што ја почна.

Оскар пред да замине во Кина беше редовен во бразилската репрезентација за која има дури 48 настапи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани