577
Фудбалската школа на Ајакс е позната како една од најдобрите во светот, а токму од таму произгле многу големи фудбалски имиња.
Сега вниманието на медиумите почна да го привлекува и 11-годишниот Зинедин Чајат кој направи нешто кое веројатно не го направил никој друг досега.
Имено, тој жонглираше дури 2.424 со топката, а во изјавата истакна дека можел и да продолжи, меѓутоа морал да прекине затоа што започнувал на натпреварот.
„Не ми беше проблем и да продолжам, меѓутоа ми кажаа дека треба да завршам поради натпреварот. Добив голем аплауз од стадионот, но и комплименти од фудбалерите на Ајакс. Навистина тоа беа моменти кои нема да ги заборавам и кои многу ми значат“, изјави младиот Чајат.