Откриени непознати детали: Бруно Фернандеш плачел затоа што му пропаднал трансфер во – Тотнем!

by Стефан
1 минути читање

Со години наназад Бруно Фернандеш е носител на играта на Манчестер јунајтед и еден од најдобрите фудбалери во англиската Премиер лига.

Овој 30-годишник на почетокот на минатата сезона ја презема капитенската лента и тоа од Хари Мегваер.
Фудбалерот за врска остана на „Олд Трафорд“ и во овој момент е еден од клучните играчи на тимот, но пред да се пресели во Манчестер јунајтед можел да заигра за друг англиски клуб.

Имено, во 2019 година кога настапуваше за Спортинг, Тотнем бил блиску да го доведе во своите редови, но трансферот на крајот пропаднал. Тогаш Спарси и речиси и да постигнале договор, меѓутоа трансферот на крајот не се реализирал.

Медиумите пренесуваат дека толку многу Фернандеш бил погоден што трансферот пропаднал, па дури и заплакал

„Имаше гласини дека ме сакаат клубови од Премиер лигата, но само Тотнем беше конкретен. Сега ми е чудно, но тогаш бев возбуден затоаш то навистина сакав да заиграм во Премиер лигата, тоа беше мој голем сон“, изјави португалскиот играч за врска.

Манчестер јунајтед за да го доведе за неговите услуги плати сума од 65 милиони евра и тоа се покажа како еден од најдобрите потези во историјата на клубот. Португалецот до овој момент за гигантот од „Олд Трафорд“ собра 259 настапи, постигна 85 гола и поделија 76 асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани