Англиската легенда го предвиде падот на Сити: Изјавата која ја даде во август звучеше смешно, денес е реалност

by Стефан
1 минути читање

Eкипата на Манчестер сити четири пати во низа успеа да го освои трофејот во Премиер лигата, но ако не се случи некој голем пресврт сезонава ќе дојде крајот на таа низа.

Избраниците на Пеп Гвардиола се во невеорјатна криза и во последните 12 натпревари победија само еднаш и имаат дури девет порази со што се наоѓаат на седмото место на табелата. На табелата „граѓаните“ заостануваат 12 бода зад Ливерпул кој игра во добра форма, а исто така „црвените“ имаат и натпревар помалку.

Во ваква ситуација медиумите на Островот потсетија на изјавата која легендарниот Мајкл Овен ја даде пред почетокот на сезоната. Тогаш Овен предвиде дека Манчестер сити ќе ја заврши сезоната како четврти и во тој момент веројатно никој не го сфати сериозно.

„Прв ќе биде Арсенал, Ливерпул зад него, па Астон Вила. Очекувам Манчестер сити да биде четврти. Ми изгледа дека ова е сезона во која може да паднат, секоја низа има свој крај“, изјави Овен во август.

Ако тогаш звучеше чудно од денешен аспект оваа изјава изгледа дека може да биде реалност, но со ваква форма може да се доведе во прашање и четвртото место за „граѓаните“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани