Мбапе: Го допрев дното и сфатив дека морам да дадам сè од себе за дресот на Реал!

by 24 фудбал
1 минути читање

Реал Мадрид славеа во дуелот со Севиља (4-2) во 18. коло на шпанската Ла Лига. Стрелец и асистент на овој натпревар беше Килиан Мбапе кој во изминатиот период беше на мета на критики. По мечот со Севиља францускиот напаѓач зборуваше за својата форма од доаѓањето во клубот.

Можам многу повеќе. Знам дека имам уште во нозете, играв подобро на последните натпревари. Мечот со Билбао ми дојде добро, го допрев дното, промашив пенал и дојде време да сфатам дека морам да дадам се од себе за овој дрес, мора да играм со карактер.

Дадовме максимум во првиот дел, дадовме убави голови, игравме напаѓачки. На крајот постигнавме четири гола и мислам дека навивачите можат да бидат задоволни. Мислам дека подобро се познаваме, влегов во тимот и адаптацијата сега е готова. Се чувствувам подобро, на терен подобро се разбирам со сите“, изјави Мбапе.

Досега во дресот на Реал, Мбапе одигра 23 натпревари и постигна 13 погодоци со три асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани