Хаос во Србија: Тренерска „пресметка“ во салата за прес-конференции (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Натпреварот меѓу Војводина и Раднички Крагујевац заврши со 3-2 во рамките на 20. коло на Суперлигата во Србија.

Сепак, натпреварот имаше и трето полувреме. Тренерот на домашните Ненад Лалатовиќ прво за време на дуелот беше лут кон судиите и противничката клупа, а кулминацијата беше на прес-конференцијата.

Лалатовиќ го нападна тренерот на Раднички, Феѓа Дудиќ. Имаше и физички контакт на двајцата тренери пред да бидат разделени во прес-салата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани