Фудбалерот на Барселона, Феран Торес во последно време игра во добра форма, а сега г привлече вниманието со една интересна изјава.
Торес не стартуваше најдобро, имаше и повреда и тренер Флик не му даваше премногу шанса, меѓутоа работите подоцна почнаа да се менуваат.
Сега за шпанските медиуми призна дека како дете го криел вистинскиот датум на раѓање бидејќи е роден на 29 февруари 2000 година.
„Да бидете роден на 29 февруари е нешто посебно, но и малку незгодно. Не можеш како сите останати секоја година да славиш роденден. Поради тоа кога бев дете лажев дека сум роден на 28 февруари, ми беше срам. Роденденот го славев и на тој ден. Ретко кој знаеше дека мене на 28 февруари не ми е родеден. Но, денес немам проблем, дури и сум малку горд кога ќе видам кој се е роден на 29 февруари“, изјави Торес.
На 12 настапи сезонава Торес зад своето име има три гола и две асистенции.