Жирона немаше проблеми со Ваљадолид (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Екипата на Жирона без Бојан Миовски кој веќе одредено време е надвор од терените поради повреда лесно се справи со Ваљадолид и славеше победа од 3:0.

Жирона го отвори резултат во 31. минута со голот на Лопез, додека Руиз осум минути подоцна зголеми на 2:0. Со предност од два гола домаќините и заминаа на паузата.

Сликата не се промени ниту во второто полувреме, Жирона констатно ја имаше контролата над натпреварот, а колку доминираше најдобро покажува податокот дека гостите имаа само еден удар кон противничкиот гол во текот на комплетните 90 минути.

За Жирона ова беше седма победа во Ла Лига со која дојде до 25 бода на осмата позиција, но исто така и прва по два порази и реми, додека Ваљадолид е претпоследен со само 12 освоени бодови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани