Гатузо избрка двајца интернационалци од тимот: Подобро ќе губам мечеви со 15-годишни момчиња, отколку достоинството!

by 24 фудбал
1 минути читање

Хајдук Сплит има кризен период и тренерот Џенаро Гатузо не е задоволен од односот на неколку фудбалери.

Исклучени од првиот тим на Хајдук се интернационалците Леон Дајаку и Јасин Бенраху. Тие двајца според зборовите на Гатузо не се однесувале добро на тренинг и ширеле негатива во тимот поради својот статус.

Јас како тренер имам правила за фудбалерите кои мора да се почитуваат. Мора да имаат вистински пристап, неважно од резултатите, минутажата и другите фактори. Сите мора да бидат подготвени да придонесат, без разлика колку и кога. Не сакам негативност, а овие двајца внесоа доста во тимот. Има и уште неколку такви фудбалери. Јас додека сум тренер ќе играм ако треба и со 15 годишни деца. Подобро е да губам натпревари, отколку да губам достоинство“, изјави Гатузо.

Во моментов Хајдук има 33 бода и се наоѓа на второто место, но е израмнет со Ријека. Сепак, тимот во последните шест меча славеше само еднаш и тоа е причина за грижа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×