Рома ја помина Сампдорија и закажа четвртфинале со Милан!

by riste
0 минути читање

Рома со убедливи 4-1 го доби осминафиналниот дуел од Купот на Италија против Сампдорија.

Римската волчица беше убедлива и не дозволи изненадување против славниот тим од Џенова кој се наоѓа во криза и во Серија Б.

Стартот од мечот му припадна на Довбик кој погоди во 9. и 19. минута за водство на Рома од 2-0.

До крајот на првото полувреме погоди и Балданци за убедлива предност на волчицата од 3-0.

Јепес во 61. минута намали на 3-1, а точка на мечот стави Шомуродов со гол на десет минути пред крајот на натпреварот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×