Реал Мадрид без многу мака ја совлада Пачука и потврди дека е најдобар во светот (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Реал Мадрид со убедливи 3-0 ја победи Пачука во финалето од Интерконтиненталниот Куп на ФИФА и ја збогати витрината со нов трофеј.

Мбапе кој се опорави од повредата беше стартер на овој меч и токму тој донесе водство. Во 37. минута по асистенција од Винисиус, Французинот постигна лесен гол за водство на Реал Мадрид од 1-0.

По седум минути игра во вториот дел Мбапе му додаде на Родриго, а тој постигна убав гол за предност на кралскиот клуб од 2-0.

На шест минути пред крајот беше досуден пенал за Реал Мадрид кој го реализираше Винисиус за конечна победа од 3-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×