Пивото ќе биде забранет на саудиските стадиони на СП 2034, ФИФА не планира да се меша!

by 24 фудбал
1 минути читање

Светското првенство во 2034 година ќе се одржи во Саудиска Арабија. Во оваа муслиманска земја од 1952 година е забранета продажба на алкохол, па на стадионите нема да се продава пиво.

Слично беше и на претходниот Мундијал во Катар, но тогаш имаше организирано фан-зона од ФИФА и таму се продаваа алкохолни пијалоци, а на стадионите само безалкохолно пиво. Останува да се види дали во следните десет години законите во Саудиска Арабија би биле олабавени или пак навивачите ќе имаат сериозен проблем на оваа тема.

ФИФА реши дека нема да се меша по ова прашање и одлуката ќе биде на земјата организатор.

Светската фудбалска федерација се обиде заедно со владетелското семејство во Катар да се продава пиво на Мундијалот. Сепак, на два дена пред стартот челниците на оваа земја се откажаа од идејата, а ФИФА заврши плаќајќи пенали во висина од 40 милиони фунти на спонзорот кој извиси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани