Фиорентина му даде седум гола на ЛАСК, Челси славеше кај Астана (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Фиорентина продолжува да бележи одлични резултати оваа сезона, денеска во Конференциската лига славеа над ЛАСК со 7-0, Челси со комбиниран состав победи со 3-1 кај Астана.

Сотил беше двоен стрелец, по еднаш погодија Иконе, Ричардсон, Мандрагора, Гудмундсон, а еден погодок беше автогол на Стојковиќ.

Челси со комбиниран составот замина на гостувањето кај Астана, но се врати со трите бода откако победи со 3-1.

Гуи даде два гола, еднаш погоди Виега, Томасов го даде голот за Астана.

Во другите мечеви од Конференциската лига кои се играа во овој термин се постигнати следниве резултати: Викингур – Ѓургарден 1-2, Башакшехир – Хајденхајм 3-1, Динамо Минск – Ларн 2-0, ФК Копенхаген – Хартс 2-0, Хелсинки – Молде 2-2, Легија – Лугано 1-2, Ноа – АПОЕЛ 1-3, Олимпија Љубљана – Серкл Бриж 1-4, Петрокуб – Бетис 0-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×