Манчестер јунајтед со 2-1 победи на гостувањето кај Викторија Плзен, Рома со убедливи 3-0 ја совлада Брага во шестото коло од Лига Европа.
Мирно беше во првото полувреме во Плзен, по три минути игра во вториот дел Видра реализираше за водство на Викторија од 1-0.
Во 62. минута Хојлунд изедначи на 1-1. Манчестер јунајтед продолжи да напаѓа и во 88. минута Хојлунд даде уште еден гол за комплетен пресврт и победа од 2-1.
Рома уште во 11. минута дојде до водство против Брага од 1-0. Тоа беше резултатот по првите 45 минути.
По две минути игра во вториот дел Абдулахамид зголеми на 2-0, а конечните 3-0 ги постави Ермосо во судиското продолжение.
Во другите натпревари од овој термин се постигнати следните резултати: Хофенхајм – ФКСБ 0-0, Лудогорец – АЗ Алкмар 2-2, Малме – Галатасарај 2-2, Олимпијакос – Твенте 0-0, ПАОК – Ференцварош 5-0, Ројал Унион – Ница 2-1.