385
Капитенот на Јувентус, Данило негира дека би можел во јануари да направи трансфер во Наполи, вети дека ќе продолжи да го носи црно-белиот дрес.
Актуелниот договор на Данило со Јувентус истекува по крајот на оваа сезона, па имаше гласини дека во јануари би можел да замине во Наполи.
„Не сакам да го напуштам Јувентус во јануари. Капитенот никогаш не го напушта клубот на половина пат, јас нема да бидам првиот кој го направил тоа. Тука сум и подготвен да го дадам најдоброто за Јувентус, секогаш“, рече Данило кој стигна до 200 настапи за Јуве.