Судијата кој го навредуваше Ливерпул доби отказ од Премиер лигата!

by 24 фудбал
1 минути читање

Професионалниот одбор за официјални натпревари (ПГМОЛ) потврди дека судијата Дејвид Кут си заработи отказ.

Истрагата за неговото лошо однесување и видеата кои се појавија во кои го навредуваше Ливерпул му пресудија. Контроверзната снимка ги натера челниците да му врачат отказ на Кут.

По темелна истрага, веднаш беше прекинат работниот однос во нашата организација. Неговите постапки сериозно го нарушуваат договорот за вработување и неговите членови, поради што не можеше да продолжи да биде дел од организацијата“, стои во соопштението на ПГМОЛ.

Меѓу другото, Дејвид Кут беше и под истрага поради спорни жолти картони кои ги додели во одредени ситуации. Секако, Кут ќе има право да ја обжали оваа одлука, меѓутоа тешко дека ќе ја добие позицијата назад.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×