Инцидент пред натпреварот од ЛШ: Шестмина Хрвати брутално претепале навивач на Селтик

by Стефан
1 минути читање

Вечерва во Лигата на шампионите се среќаваат екипите на Динамо и Селтик, а пред овој дуел еден шкотски државјанин бил брутално претепан во Загреб.

Според информациите од хрватската полиција станува збор за 38-годишен навивач кој е пренесен во болница по здобиените тешки телесни повреди.

Полицијата потврди дека околу истрагата во случајот биле приведени шест лица.

„Лекарска помош му била пружена на клиниката за трауматологија во Загреб и таму е утврдено дека е тешко повреден. Непосредно по случувањата во службените простории со цел утврдување на околностите на кзнетото дело доведени се шест лица“, соопшти полицијата.

Лицата во станицата се приведени под сомневање дека го претепале шкотскиот навивач. Натпреварот Динамо и Селтик го играат вечерва од 18:45 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани