Треневски: Секој старт е тежок, а Ренова како противник е уште потежок

by
1 минути читање

Два натпревари
кои се на програмата денеска ќе го одбележат стартот на новата сезона во Првата
македонска фудбалска лига, во големото дерби Шкендија го пречекува Вардар,
додека пак Работнички е домаќин на Ренова во Ѓорче Петров, и двете средби
стартуваат со почеток од 17 часот.

Виктор Треневски,
шефот на стручниот штаб на Работнички, во пресрет на денешната пресметка
истакна дека секој старт е тежок, а Ренова како противник е уште потежок.

Подготовките
завршија, време е за почеток на првенството. На стартот е секогаш тешко, а за
нас можеби најтежок противник во моментов е токму Ренова, со Влатко Костов на
кормилото. Еден добро балансиран тим, кој знае што сака на секој натпревар, и
сигурно се вбројува во екипите кои заедно со нас, со Пелистер и со Силекс, и во
новата сезона ќе се борат за излез во Европа. Но, подготвени сме, верувам во
своите фудбалери и очекувам една добра фудбалска претстава, со надеж дека ние
на крајот ќе се радуваме
“ изјави
стратегот од клупата на Романтичарите.

 

Извор/Фото:
fkrabotnicki.com

Можно е и ова да ти се допаѓа

×