Лудост или храброст? Дете родено 2012 тренира со првиот тим на Леванте!

by bojan
1 минути читање

Леванте може да испише нова историја, тренерот Луис Кастро на тренинг со првиот тим го повика 14 годишниот Диего Мојано.

Леванте оваа сезона има одредени финансиски потешкотии, па тренерот Луис Кастро треба да се наслони на помлади играчи.

На почетокот од сезоната, левиот бек Марк Сантос дебитираше против Еспањол со само 15 дена и 288 дена, со што стана најмладиот играч во историјата на Леванте со настап во Ла Лига, и третиот најмлад во историјата на првенството.

Луис Кастро сега влече нов потег, за некого е храброст, за некого е лудост, на тренингот се појави Диего Мојано.

Момчето е од генерацијата 2012, роден е на 3. март и со 14 години тропа на вратите на првиот тим. Се работи за централен дефанзивец кој се истакнува со добра дистрибуција на топката и играта во воздух, а може да игра и како десен бек.

ФОТО: X/Levante UD

Можно е и ова да ти се допаѓа

×