Херој на Фиорентина имал посебно ветување за Бове (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерот Каталди денеска беше херој за Фиорентина во победата над Каљари во која го постигна единствениот гол на средбата, а по натпреварот откри дека имал посебно ветување за Едуардо Бове.

Каталди иако ретко постигнува голови, денеска бил убеден дека тоа ќе го направи и му порачал на Бове да го гледа натпреварот.

„Знам дека му значи, пред натпреварот му кажав, гледај на ТВ, ќе дадам гол за тебе. Ми врати дека тоа нема да се случи, па бев многу среќен кога топката заврш во мрежата. Тоа што го извикував при прославата беше за него“, изјави Каталди.

Како што е познато, Бове минатата недела доживеа срцев удар и колабираше на теренот во средбата против Интер и одреден период ќе мора да помине надвор од терените.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×