746
Дефанзивецот на Реал Мадрид, Давид Алаба по многу долга пауза конечно се врати на тимските тренинзи и наскоро ќе им се врати и на натпреварите.
Алаба долго време се опоравуваше од повредата, но враќањето постојано се одолговлекуваше. Дури имаше гласини дека може да стави крај на кариерата.
Но, конечно позитвни вести за него и Реал Мадрид, Алаба од денеска тренира со тимот и наскоро ќе им се врати и на натпреварите.
Има и уште една позитивна вест за Реал Мадрид, на тимски тренинг се врати и Винисиус, побрзо од очекувањето. Тој би можел да биде и во комбинација за наредните натпревари.