Во текот на
вчерашниот ден португалските медиуми пренесоа дека доцни сертификатот за
пријава на нашиот фудбалер.
Иако можеше 25 годишниот бек да дебитира во денешниот меч пред домашната публика каде
Спортинг Лисабон го пречекува Виториа Сетубал, сега има и официјална потврда
дека нашиот репрезентативец нема да има можност да дебитира за својот нов клуб
каде пред извесен период пристигна од хрватскиот првак Ријека.
Официјалниот состав на Спортинг Лисабон за денешниот меч
Останува отворено
прашањето каде е проблемот со доцнењето на сертификатот, дали станува збор за
игра на раководството на Ријека или пак е нормална процедура за која е потребно време.
Спортинг Лисабон
денес го игра мечот од второто коло во португалската „Примера“ откако во првото
на гости славеше кај Депортиво Авес со 0-2.
Како за
потсетување, Ристовски во редовите на тимот од Лисабон дојде како позајмен
фудбалер, Спортинг доколку сака да го задржи на крајот од сезоната ќе мора да
Ријека да и исплати 2,250 милиони евра, по што Македонецот би потпишал
четиригодишен договор со португалскиот тим.
Вреди да се
издвои и информацијата која ја пренесе словенечка „Екипа“ во која истиот медиум
откри дека Ријека сакала да го задржи Ристовски до двомечот со Олимпијакос во
плејофот од квалификациите за Лигата на шампионите, за тоа Хрватите понудиле
200,000 евра помала сума, но тимот од Португалија бил дециден работата да ја
заврши веднаш.
Што се однесува пак до сертификатот, тој е клучен документ за фудбалерот да биде регистриран
во сите административни процедури во клубот.