Нојер ја дозна казната за црвениот картон, ама можеби нема никогаш да ја „одлежи“

by 24 фудбал
1 минути читање

Мануел Нојер доби црвен картон во дуелот од Купот на Германија меѓу Баерн Минхен и Баер Леверкузен (0-1).

Тоа беше прв црвен во кариерата на искусниот голман, а за тоа си ја доби казната од сојузот. Нојер е суспендиран на два натпревари, санкција која мора да ја отслужи во ДФБ Купот.

Сепак, интересно е дека можеби никогаш Нојер нема да ја „одлежи“ казната. Неговиот договор со Баерн истекува на крајот на актуелната сезона, а постојат најави дека може да замине од клубот во кој ги забележа најголемите успеси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани