Мусиала не заминува од Баерн: Потпишува нов договор со кој ќе стане еден од најплатените во светот

by Стефан
1 минути читање

Германецот Џамал Мусиала според последните информации одлучил да остане во Баерн Минхен и тоа со богат договор.

Медиумите во Германија пренесуваат дека Мусиала постигнал ддоговор да ја продолжи соработката за плата од 25 милиони евра и договор на пет години.

Тоа би значело дека Мусиала би имал пет пати поголема плата отколку во овој момент.

Дресот на Баерн Минхен германскиот фудбалер досега го носеше на 181 натпревар во кои постигна 53 гола и запиша 35 асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани