483
Легендарниот Бразилец Марсело кој најдобрите денови од кариерата ги помина во Шпанија би можел да се врати во оваа земја.
Марсело летото 2022 година го напушти Реал Мадрид и потпиша за Олимпијакос, а набрзо потоа се пресели во Флуминенсе од неговата татковина.
Сега шпанските медиуми најавуваат дека би можел да се врати во шпанскиот фудбал и тоа во редовите на Леганес кој испратил понуда.
Синот на Марсело живее во Шпанија и е едел од младинските категории на Реал Мадрид, додека Леганес е клуб од предградието на Мадрид и ваква опција на бразилскиот ас секако му одговара.
Марсело дел од Реал Мадрид беш од 2007 до 2022 година и во тие години освои се што можеше да се освои.