397
Рафиња под водство на Ханси Флик игра како препороден, фудбалер на Барселона е во фантастична форма, вчера против Мајорка постигна два гола.
Рафиња ја носи и капитенската лента, тој оваа сезона во Ла Лига веќе има дадено 11 голови и шест асистенции.
„Бакнувањето на беџот е начин да го покажам тоа што го чувствувам за овој клуб. Го сакам овој клуб“, вели Рафиња.
„Играм во најдобрата форма во мојата кариера. Не сакам да запрам. Сакам да дадам уште многу за Барса“.