Баер Леверкузен со 1-0 го победи Баерн Минхен на Алијанц Арената, Баварците од 17. минута играа со фудбалер помалку поради црвен картон на голманот, Мануел Нојер.
Баерн Минхен го загуби дербито со Баер Леверкузен во Купот на Германија иако ја имаше предноста на домашен терен. Компани на овој меч не можеше да смета и на Кејн кој беше отсутен поради повреда.
Клучниот момент се случи во 17. минута кога Мануел Нојер истрча од својот гол и направи старт по кој доби директен црвен картон. Баерн Минхен остана со фудбалер помалку.
🚨🚨| This is how Manuel Neuer received his red card. 😳🟥
— CentreGoals. (@centregoals) December 3, 2024
pic.twitter.com/wJK0ZizGur
Тоа го искористи Тела и со гол во 69. минута му донесе победа на Баер Леверкузен од 1-0.
🚨🚨| GOAL: NATHAN TELLA GIVES LEVERKUSEN THE LEAD!!
— CentreGoals. (@centregoals) December 3, 2024
Bayern 0-1 Bayer Leverkusen
pic.twitter.com/faJP2GIXzl
Во четвртфиналето оди и Вердер кој исто така со 1-0 го совлада Дармштад.