На Динамо му се смешка нов милионски трансфер, Батурина на радарот на ПСЖ и Реал!

by 24 фудбал
1 минути читање

21-годишен хрватски фудбалер од средниот ред, Мартин Батурина се чини дека ќе биде новото име што ќе ја наполни касата на Динамо Загреб.

Познат по својот стил на игра кој му го донесе епитетот „новиот Модриќ“, Батурина е високо ценет во Хрватска и оставува силен впечаток како во клупските така и во репрезентативните натпревари. Иако моментално е задоволен во Динамо, се шпекулира дека сака нов предизвик во својата кариера.

Неговиот договор со клубот трае до јуни 2028 година, но Динамо би бил подготвен да го продаде за околу 25 милиони евра.

Според најавите за услугите на Батурина се заинтересирани две големи европски имиња, актуелниот освојувач на Лигата на шампионите Реал Мадрид и францускиот првак ПСЖ. Претходно се споменуваше дури и Манчестер Јунајтед.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани