Eрик Тен Хаг неодамна доби отказ во Манчестер јунајтед, но изгледа дека нема да чека долго за да пронајде нова работа.
Според последните информации, Тен Хаг наскоро би можел да стане нов тренер на германски Лајпциг каде што настапува македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој во овој момент е повреден.
На Лајпциг не му оди најдобро во последно време и е во серија од шест натпревари без победа, а во тие шест дуели запишаа дури пет порази. Во германските медиуми на големо се најаувва дека тренерот Марко Розе ќе добие отказ и дека само прашање на време е кога тоа ќе се случи.
Раководството на бундеслигашот наводно сака Тен Хаг да го наследи Розе и според информациите првите контакти веќе биле направени. Иако не се прослави во Манчестер јујнајтед во Лајпциг веруваат дека токму холандскиот стратег е вистинскиот избор.
🚨 Erik ten Hag is on RB Leipzig’s list if they decide to sack Marco Rose.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) December 3, 2024
(Source: @berger_pj) pic.twitter.com/2mLJgAISe4