Мората во солзи: Да не беа соиграчите ќе ја напуштев репрезентацијата (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Шпанската фудбалска репрезентација без пораз го освои Европското првенство кое ова лето се одржуваше во Германија, а патот до освојување на пехарот беше прикажан во документарец на „Марка“.

Премиерата документарецот ја имаше на 29 ноември на стриминг платформата „Прајм Видео“.

Во документарецот Алваро Мората зборува и за критиките кои ги добивал од навивачите и поради кои бил блиску да ја напушти репрезентацијата. Мората во изјавата беше на работ на солзи, а останал дел од селекцијата само поради соиграчите.

„Ми покажаа дека сум потребен. Да не беа тие ќе ја напуштев репрезентацијата“ зборува Мората во видеото.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани