ФА му замери на Марк Геи зошто напишал „Го сакам Исус“ на капитенската лента во боите на виножитото

by bojan
1 минути читање
Марк Геи

Фудбалската асоцијација испратила допис до Кристал Палас и капитенот Марк Геи за да ги потсети дека не се дозволени верски пораки на капитенската лента и опремата.

Изминатиов викенд, сите 20 капитени во Премиерлигата добија капитенска лента во боите на виножитото како поддршка за ЛГБТ заедницата, а капитенот на Ипсвич, Сем Морси беше единствениот кој одби да ја носи.

Но во проблеми се најде уште еден играч, односно капитенот на Кристал Палас, Марк Геи.

ФА му замерува на Марк Геи поради тоа што на капитенската лента во боите на виножитото напишал „Го сакам Исус“.

Се верува дека дефанзивецот ќе куртули од казна, но Фудбалската асоцијација стапила во контакт со Кристал Палас и Марк Геи и „формално ги потесетила“ дека не се дозволени верски пораки на капитенската лента, опремата или копачките.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани