Роналдо му се понудил на Манчестер Сити, Гвардиола го одбил

by riste
1 минути читање

Кога Кристијано Роналдо го напушти Јувентус, реши да се врати во Манчестер, но наместо Јунајтед можел да заврши во Сити, причината што не било така според „Дејли Мејл“ е Пеп Гвардиола.

Во тој период се зборуваше дека Сити бил заинтересиран за португалскиот ас и дека во последен момент во приказната се вклучил Алекс Фергусон кој, наводно, го убедил Роналдо да потпише за Јунајтед. Дејли меил сега открива дека ситуацијата не била баш таква и дека Гвардиола го откачил Роналдо.

„Кристијано му се понуди тоа лето на Манчестер Сити, но Пеп не беше заинтересиран. Немаше дилема дека Гвардиола го респектира Роналдо и дека знае за неговата одлична физичка состокба, но сметаше дека не може да се вклопи во неговата филофозија и во тимот кој беше прецизно составуван. Затоа ја одби можноста да го донесе во екипата“, пишува Дејли меил.

Роналдо потоа потпиша со Јунајтед, но се покажа дека тоа не е вистински потег затоа што „ѓаволите“ беа во лош период, без квалитетен стручњак на клупата и не беа конкурентни за висок пласман. Португалецот постигна 19 гола на 40 натпревари, подоцна влезе во конфликт со Ерик Тен Хаг и во јануари 2023 година го напушти клубот по што се пресели во Ал Наср каде уште игра. Факт е дека иако важи за еден од најдобрите голгетери на сите времиња, за Роналдо не постоеше интерес од ниеден врвен европски клуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани