Реал Мадрид се верува дека ги договорил сите услови со Алфонсо Дејвис да се пресели од Баерн Минхен на „Сантијаго Бернабеу“.
Договорот на канадскиот бек истекува на крајот на оваа сезона, а според најавите Реал е во пол-позиција за потписот. Според инсајдерот на Баерн, Кристијан Фалк, проблем прави агентот на играчот Недал Хусех. Тој разгледува и други опции, терајќи го играчот да биде отворен и за нови понуди.
Пред Дејвис е и понуда да остане во Баерн, но истата веќе некое време играчот ја одбива. Агентот му го нуди Манчестер Јунајтед, а мислите на Дејвис се само насочени кон Мадрид.
Сепак, доколку дојде до наддавање за плата, речиси сигурно е дека Реал ќе се откаже од преговорите. Познато е дека клубот од Мадрид не влегува во „војна“ за потпис на играчи и сака тие самите да тежнеат кон потпис.