Српскиот фудбалер кој настапува за Аталанта, постигна прекрасен гол на гостувањето кај Јанг Бојс за победа од 6-1.
Натпреварот одамна беше решен, а Самарџиќ во 90. минута во стилот на Меси издрибла неколку фудбалери на домаќините, на еден елегантно му ја протна меѓу нозе, па постигна гол.